Special offer
Доживејте ја магијата на Истанбул – градот кој ги спојува Европа и Азија. Богата програма со посети на најпознатите знаменитости, шопинг, историја, култура и прекрасни погледи кон Босфорот.
📅 ПРВ ДЕН
По пристигнувањето во Истанбул и сместувањето во хотелот (околу 08:30 – 09:00 часот), слободно време за одмор до 12:00 часот.
🚌 Во 12:00 часот – поаѓање на панорамски разгледувања.
📍 Чамлиџа
Највисоката точка на азискиот дел од Истанбул со прекрасен панорамски поглед кон градот и Босфорот.
📍 Ускудар
Еден од најстарите и најавтентични делови на Истанбул, познат по своето шеталиште покрај морето.
📍 Ортакој
Една од најпознатите населби покрај Босфорот, позната по својата џамија, кафулињата и прекрасната атмосфера.
🏨 Враќање во хотел околу 21:00 часот.
💆 По враќањето во хотелот, патниците можат да го искористат слободното време за релаксација во надворешниот базен и СПА центарот на хотелот.
📅 ВТОР ДЕН
🍽️ Појадок во хотел.
🕥 10:30 – 12:00 | Aqua Florya & Аквариум
🕧 12:30 – 16:00 | Посета на историскиот центар
📍 Капали Чаршија
📍 Аја Софија
📍 Султан Ахмет Џамија (Сина Џамија)
🚢 16:00 – 17:45 | Крстарење по Босфорот
🍽️ 18:00 – 19:00 | Вечера
🌃 19:00 – 21:00 | Таксим – Истиклал – Галата Кула
🏨 Враќање во хотел.
💆 По враќањето во хотелот, патниците можат да го искористат слободното време за релаксација во надворешниот базен и СПА центарот на хотелот.
📅 ТРЕТ ДЕН
🏝️ Факултативна посета на Бјукада.
Бјукада е најголемиот остров од Принцовите Острови и едно од најубавите места во близина на Истанбул. Патувањето се реализира со специјален брод за нашата група.
💶 Цена: 25€ по лице.
Алтернатива за патниците кои нема да ја посетат Бјукада:
🚡 Пјер Лоти
🏰 Палатата Долмабахче (надворешна посета)
🌊 Галатапорт
🛍️ Venezia Mega Outlet
🏨 Враќање во хотел.
💆 Слободно време за користење на надворешниот базен и СПА центарот.
📅 ЧЕТВРТ ДЕН
🍽️ Појадок во хотел.
📍 Балат
Историска населба позната по шарените куќи и автентичните улички.
🛍️ 212 Outlet Shopping Mall
🚌 Во 14:00 часот – поаѓање кон Скопје.
ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ
• Чамлиџа – Ускудар – Ортакој → 15€
• Aqua Florya & Аквариум → 25€
• Aqua Florya (само надворешен дел) → 5€
• Крстарење по Босфорот → 15€
• Вечера → 25€
• Бјукада → 25€
• Пјер Лоти → 10€
✅ ПОСЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ПРОГРАМАТА
• Капали Чаршија
• Балат
• Аја Софија
• Султан Ахмет Џамија
• Галата Кула (надворешна посета)
• Палатата Долмабахче (надворешна посета)
• Venezia Mega Outlet
• Галатапорт
✔ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
• Превоз со туристички автобус
• 3 ноќевања во хотел
• 3 појадоци во хотел
• Пратител за време на патувањето
✘ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
• Факултативни посети
• Влезници за музеи и туристички објекти
• Лични трошоци
• Патничко здравствено осигурување



